За сите љубители на полнети тестенини …
Потребно е:
за филот:
500 гр мешано мелено месо
24 канелони
1 средна главица кромид
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
1 лажиче сув темјан
1 лажиче суво оригано
2 лажици ситно сецкан свеж магдонос
сол, бибер
500 мл сос од домати (кечап)
2 лажици брашно
1 јајце
1-2 лажици лебни трошки
1 лажица путер
за бешамел сосот:
400 мл пилешка супа
400 мл павлака за готвење
200 мл млеко
60-80 гр брашно
60-80 гр путер
сол, бибер
свежо рендано морско оревче
50 гр гауда кашкавал
50 гр пармезан
Подготовка:
– Лукот и кромидот ситно исецкајте ги и пропржете ги во тава на две лажици маслиново масло. Потоа додадете го месото и продолжете со пржењето додека месото не ја промени бојата. Зачинете со сол, бибер, темјан, оригано и магдонос. Следно сипете го сосот од домати или кечапот и динстајте додека не испари течноста. Посипете со брашно, кратко измешајте, тргнете ја тавата од рингла и оставете да се излади.
– Во изладената смеса додадете ги јајцето, лебните трошки и измешајте. Со оваа мешавина полнете ги канелоните.
– За бешамел сосот загрејте го путерот во една тава на рингла. Додадете го брашното и кратко пропржете го. Постепено со постојано мешање дададете ја пилешката супа, павлаката за готвење и млекото. Варете го на тивко 15-20 минути. Зачинете со бибер и морско оревче. Додадете го изренданиот гауда кашкавал и измешајте.
– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Тавата за печење премачкајте ја со 1 лажица путер. На дното на тавата рамномерно ставете 1/3 од бешамел сосот.
– На тоа наредете ги канелоните една до друга и прелијте ги со остатокот од бешамел сосот. Посипете со изрендан пармезан и ставете да се печат во рерна околу 40 минути.
– Овие канелони послужете ги со свежа салата.