СДСМ: Дали почетоците на криминалната империја на Груевски се парите во кеш што ги примала Јанкулоска?

Од:

„Многу му гори под нозете на Никола Груевски штом, наместо да се фати за работа по брјните критики во Извештајот на Прибе, со коишто ја обрука Македонија во Европа и светот, тој се занимава со членарините во СДСМ.

Извршителите Ивона Талевска и нејзиниот ментор Драган Павловиќ Латас може да му пишуваат бајки, но нема да го одложат времето што доаѓа, кога Груевски ќе треба да им објасни на граѓаните, на пример, од каде најде меѓу 15 и 30 милиони евра за новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, според достапните пресметки?

Како ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3.5 милиони евра констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011 година?

На што мислеше ревизорот, кога во Ревизорскиот извештај за 2013 година за финансирањето на партијата на Груевски, напиша дека “изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ“ како и за усогласеноста на финансиските трансакции на ВМРО-ДПМНЕ со законите.

Или на пример, дали почетоците на криминалната империја на Груевски се парите во кеш што ги примала лично Гордана Јанкулоска, тогашен генерален секретар на партијата?

Дали во игра биле црни пари што Груевски и соработиците ги изрекетирале?

Која е сумата на злоупотребени пари на граѓаните за партиски цели?

Се ќе излезе на виделина. И жртвите и парите во злоупотребите на Груевски и неговото тесно опкружување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина