Нормализирано водоснабдувањето во високите зони во Куманово

Од:

Водоснабдувањето во високите зони од Куманово е нормализирано последниве дванаесет часа. Граѓаните од кумановските населби „Карпош“, „Пчињски Пат“, „Перо Чичо“, „Тоде Мендол“ и село Черкезе, ги добиваат потребните колични вода и не се соочуваат со недостиг како од почетокот на неделава.

Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски денеска информира дека до пладне целосно е нормалнизирано водоснабдувањето во градот.

– Добиваме 330 литри вода во секунда, која е доволна количина за нормално водоснабдување во летниот период. Останува апелот граѓаните рационално да ја користат водата во периодот што следи, со оглед на фактот дека ни престојат високи температури, изјави Стојковски.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе