Хилари Клинтон потрошила 18 милиони долари за три месеци кампања

Од:

Хилари Родман Клинтон потроши повеќе од 18 милиони долари и ангажираше стотина луѓе во првите три месеци од претседателската кампања.

Со тоа, нејзината организација за кампањата ги надминува противкандидатите и меѓу демократите и меѓу републиканците.

Парите за оваа кампања на Хилари Клинтон не се проблем, бидејќи само за делот кампања, во која се бори за позиција демократски кандидат, таа собра 46 милиони. Откако објави кандидатура во април, поранешната државна секретарка вработи луѓе во 50 американски држави од кои најголемиот дел работат во седиштето кое има 7.500 метри квадратни во Бруклин во Њујорк. Освен што плаќа за 343 вработени, нејзината кампања вложи многу во изградба на дигитална платформа.

За споредба, нејзината кандидатура пред осум години, кога загуби од Барак Обама, во првите три  месеци чинеше 14 отсто од 36 милиони долари, додека сега потроши речиси 40 отсто од 46 милиони.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас