Овој лесен рецепт ќе ве освои со неговата едноставност во подготовката, а и со вкусот. Полнети и запечени тортелини е јадење која не треба да остане неприготвено:
Потребно е:
500 гр тортелини (полнењето е по вкус)
300 гр моцарела
250 мл пелати
100 гр путер
150 гр гауда
Подготовка:
– Тортелините сварете ги според упатството на ќесичката.
– Тавата за печење премачкајте ја со путер и ставете ги сварените тортелини. Прелијте со доматен сос и ставете ја моцарелата, исечкана на коцки. Од горе, ставете ја изренданата гауда.
– Останатиот путер распоредете го од горе и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени, додека убаво да се запече кашкавалот.