Луис Хамилтон не го гледаше финалето на Вимблдон поради непочитување на „дрескодот“

Од:

Ако си светски шампион во Форума 1, не значи дека не треба да ги почитуваш правилата.

Ова се однесува на актуелниот шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој минатиот викенд сакал во живо да го гледа финалето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, но во тоа бил оневоможен, поради како што објавија организаторите на тенискиот турнир, непочитување на „дрескодот“.

Хамилтон со обидел да ги убеди редарите да го пуштат во свечената ложа на трибините, но тие не попуштиле, повикувајќи се на правилникот за облекување на турнирот.

Во соопштението објавено на официјалната веб страница на Вимблдон, се наведува дека почесните гости мораат да ги почитуваат правилата на обкелување, кои се строго одредени и за мажите подразбираат светла еднобојна кошула, палто и вратоврска.

Луис, меѓутоа, не се придржувал на ова правило, туку на турнирот се појавил во цветна кошула, апостолки и летна капа.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата