„Шпигeл“: САД „зад сцена“ притискаат за отпишување на грчкиот долг

Од:

Официјален Вашингтон јавно стои настрана од грчката должничка и финансиска криза, но зад сцената САД не се „неутрални“ и бараат од земјите на еврозоната отпишување на грчкиот долг, тврди германскиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на свои извори.

Весникот забележува дека ваквото барање Американците го објаснуваат со повикување на „историската паралела“, што според „Шпигел“, е јасна порака до германскиот канцелар Ангела Меркел за времето на поствоена Германија.

Навидум изгледа дека САД немаат причини серозно да се загрижени за огромниот долг на Грција, затоа што кај американските банки оваа земја на крајот од минатата година била задолжена само со 12,5 милијарди долари.

Од друга страна, САД како најголем акционер на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе учествува во вкупниот грчки долг.

Финансиските експерти, меѓутоа, велат дека она што ги плаши Американците е евентуалнот „колапс на Европа“, односно еврозоната.

Преливањето на должничката криза од Грција, може негативно да се одрази врз растот на американската економија, предупредуваат експертите на угледната банка „Голдман Сакс“, особено затоа што. во таков случај, САД директно би се соочиле со речиси идентична ситуација во најблиското американско соседство.

Станува збор за Порторико, американска територија во Карибскиот регион, која се соочува со огромен долг од 72 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас