МВР издаде потврди за барање азил на 32 странци

Од:

Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, вчера издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на 32 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.

МВР соопшти дека во периодот од 19 јуни до денеска во 8 часот, издадени се потврди на 13.724 странски државјани, од кои, 10.398 се од машки пол, 1.741 се од женски, 1.454 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 9.877, потоа Авганистан-1.113, Ирак – 751, Пакистан – 490, Сомалија – 374, Палестина – 334, Конго – 248, Камерун – 100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.07.2015 година се евидентирани 10 баратели на азил, баратели на азил жени и малолетни баратели на азил не се евидентирани во дневниот регистар.

На ден 13 јули во вечерните часови двете екипи на Црвен крст, лоцирани на станиците во Табановце и Гевгелија, укажале прва помош на 27 лица, од кои 14 интервенции биле извршени на железничката станица во Табановце и 13 на железничката станица во Гевгелија. Беа дистрибуирани 27 шишиња вода, 16 пакувања пелени, 9 пакувања пелени. Извршени се два транспорта до Гевгелиската болница.

Дистрибуирани се 95 шишиња води, 18 пакувања пелени и 9 кутии двопек. Во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска извршена е дезинфекција на: 800м2 вагони од страна на Центарот за јавно здравје -Скопје, 800м2 вагони и 200м2 површина на железничките станици Куманово и Табановце од страна на Центарот за јавно здравје- Куманово, 2500 м2 во Гевгелија, површина на железничка станица, автобуска, перони, тротоари и простор каде престојуваат во околината и полициски возила. Нема вакцинирани лица на влезна точка.

Во Центарот за азиланти Визбегово вакцинирани се три лица. Во Општата болница Гевгелија пружена е здравствена услуга на еден мигрант во дневна болница.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори