Нема напредок во состојбата на Жил Бјанки

Од:

Филип Бјанки, таткото на возачот на Марусија, Жил, кој пред девет месеци се здоби со тешки повреди на главата на трката во Јапонија и кој сеуште се наоѓа во кома, рекол дека нема никаков напредок во здравствената состојба на неговиот син.

„Во принцип некаков видлив напредок мора да има во првите шест месеци. Минаа девет месеци, а Жил сеуште не се разбудил. Како времето одминува оптимизмот ме напушта, не сум толкав оптимист каков што бев пред два или три месеци“, рекол Филип Бјанки.

Бјанки, во октомври минатата година на трката за Големата награда на Јапонија со голема брзина удри во кранот крај патеката, кој го отстрануваше болидот на Адријан Зутил.

Таткото на Бјанки додава дека доколку неговиот син во еден момент се разбуди од кома дека тоа ќе донесе низа на нови потенцијални проблеми.

„Доколку би имал макар и еден хендикеп тогаш не би сакал да се разбуди. Разговаравме на таа тема. Ни рече дека доколку некогаш му се случи несреќа слична на онаа на Михаел Шумахер, па дури и хендикепот да му биде само тој да не може повеќе да вози дека тогаш не би можел нормално да живее“, истакнал Филип Бјанки.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он