Вајгл, Ховит и Кукан утре доаѓаат со Хан во Скопје

Од:

Еврокомесарот Јоханес Хан утре ќе допатува во Скoпје со цел да изнуди конечен договор за ставање крај на политичката криза во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Еврокомесарот во Скопје утре ќе допатува со Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, со цел да се постигне одржлив договор. Како што извести Европската комисија, планирано е утре делегацијата да оствари средби со претседателите на четирите најголеми политички партии.

„Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан“, информира Еврокомисијата.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната