Колач со банани

Од:

Вкусен кремаст колач кој не се пече …

Потребно е:
300 гр пишкоти
200 мл млеко
1 кесичка фил за торти од чоколадо
200 гр путер, омекнат
3-4 банани
1 кесичка шлаг пена
3-4 лажици шеќер во прав

за украсување:
зелени трошки
чоколадни трошки

Потребно е:
– Натопете ги пишкотите во млако млеко и наредете ги во долгнавеста чинија за сервирање и тоа во два реда по седум пишкоти. Тоа е долната кора.

– Филот за торти подгответе го според упатството на кесичката. Кога ќе го матите додадете го и омекнатиот путер.

– Над пишкотите рамномерно нанесете половина од подготвениот фил. Потоа наредете еден ред банани исечени на тркалца, а над бананите нанесете го преостанатиот дел од филот.

– Шлаг пената подгответе ја според упатсвото на кесичката. Додадете го и шеќерот во прав додека ја матите. Готовата пена премачкајте ја најодозгора на колачот.

– Колачот украсете го со со зелените и со чоколадните трошки. Пред да го сечете и послужите ставете го убаво да се излади во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска