Солена торта со апетисани

Од:

Вкусно и декоративно предјадење …

Потребно е:
за тестото:
3 јајца
1/2 лажиче сол
6 лажици брашно

200 мл југурт
50 мл масло
1/2 прашок за печиво

за филот:
150 гр
 фета сирење
200-250 гр кисела павлака
5 гр копар
70 гр ф’стаци
70 гр потпечени бадеми
70 гр индиски ореви

за декорација:
200 гр кисела павлака
копар, маслинки и шери домати
Подготовка:
– За подготовка на тестото најпрво изматете ги јајцата па додајте ги другите состојки и убаво изматете. Истурете ги во тава и печете го тестото на температура од 180 степени, околу 20 минути.

– За подготовка на филот најпрво сомелете ги ситно апетисаните. Потоа издробете го сирењето и измашајте го со павлаката. Додајте ги мелените јатки и ситно исечкан копар по желба па измешајте додека да добиете хомогена смеса.

– Откако ќе се испече тестото оставете го да отстои половина час.

– Потоа нанесете го филот врз тестото малку како купола, па премачкајте го со тенок слој павлака за да не се суши.

– Декорирајте со павлака, а потоа со маслинки, копар и шери домати.

– Оставете ја тортата во фрижидер да отстои 2-3 часа, исечете ја и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска