Македонец изумител на очила со кои се гледаат клетките на туморот ќе одржи предавање во Охрид

Од:

Македонецот Виктор Груев, вонреден професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД, на 13 јули во амфитеатарот на Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе одржи предавање на тема „Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Проф. Груев (39) е изумител на специјално дизајнираните очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мала револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.

Во своето предавање проф. Груев ќе зборува за два типа сензори чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата. Првиот сензор е дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот се заснова врз визуелниот систем на пеперутките Монарх.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска