Маринирани пилешки ражњичи

Од:

Многу се интересни на изглед …

Потребно е:
500 гр пилешко бело месо
2 лажици црн соја сос
1 полна лажица мед
2 лажици маслиново масло
сок од 1 лимон
4 чешниња лук
1 китка свеж власец
1-2 гранчиња целер
1 гранче свежо оригано
малку свеж темјан
малку свеж рузмарин
сол, мелен бибер

1 тиквичка
чери домати
црвен кромид
маринирани шампињони

Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на мали коцки, како и тиквичките и црвениот кромид.

– Месото ставете го во длабока чинија и додадете ги соја сосот, медот, маслото, сокот од лимон, истолчениот лук и сецканите зачини. Додадете сол и бибер, по вкус, убаво измешајте и ставете да стои во фрижидер 30-тина минути за да се маринира месото.

– Потоа почнете да го редите месото и зеленчукот на стапчиња за ражњичи. Распоредот нека биде по желба, се додека не ги потрошите сите состојки.

– Печете ги на грил тава додека убаво не поруменат од сите страни.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска