Бесквасен леб со семки

Од:

За денешниот ручек замесете го овој здрав леб …

Потребно е:
200 гр интегрално грахам брашно
200 гр ‘ржано брашно
150 гр брашно од хељда
1 лажиче сода бикарбона
1 прашок за пециво
500 мл млака вода
1 лажица семки од тиква
1 лажица семки од сончоглед
1 лажица семки од лен
1 лажица семки од сусам
100 мл маслиново масло
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче ким
1 лажиче лук во прав

Подготовка:
– Во еден сад соединете ги сите суви состојки и измешајте ги со лажица. Потоа додадете ја водата и маслиновото масло и со миксер, со додатоците за тесто, замесете тесто.

– Во земјана тава за печење со капак ставете хартија за печење.

– Замесеното тесто ставете го на набрашнета маса и повторно премесете го со раце. Тестото префрлете го во тавата и одозгора засечете го со остар нож на неколку места.

– Тавата поклопете ја со капак и ставете ја во ладна рерна. Сега вклучете ја рерната на 250 целзиусови степени и печете 1 час.

– Печениот леб оставете го да се излади поклопен во тавата, а потоа завиткајте го во чиста крпа и ставете го во пластична кеса. На тој начин лебот ќе можете да го чувате подолго време.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска