(ВИДЕО) Заев: И да ме уапсат тоа верувам дека ќе биде излез од кризата

Од:

Апсењето не ми е важно, верувам дека судот треба да го спроведе законот и да го потврди врвот на апсурдноста. Искрен да бидам, верувам дека може и тоа да е излез од кризата. Не смее да биде важен ни Заев, ни било кој поединец за универзалните вредности за кои се бориме, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција каде ги означи како неуспешни преговорите за решение од политичката криза.

-Продутивно разговаравме, не се урнисани преговорите, но одложувањето ни покажува што Груевски сака да постигне – посочи тој.

Од вечерва партијата ќе се консултира со каолиционите партнери, со интелектуалците и граѓанските здруженија за да се дефинираат наредните чекори.

Проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи да се одвива и ќе бидат преземени демократски чекори, кои, рече тој, стојат на располагање. Заев посочи дека не ги смета преговорите за окончани, туку дека премиерот Груевски го урнисал договорот постигнат од 2-ри јуни со тоа што „купувал време“ и ги одложувал средбите. Доколку претставниците на меѓународната заедница, како Нуланд или еврокомесарот Хан, предложат решение во наредниот период, тогаш СДСМ сериозно ќе го земе предвид.

-Ако има конкретен предлог, а при тоа да ги опфати гаранциите за да се вратат демократските институции, да се нормализираат условите во општеството во кое живееме, ако дадат конкретен предлог без разлика од каде ќе дојде тој, вредно е да седнеме и да размислиме. Мора да има споделена одговорност меѓу власта и опозицијата за спроведување регуларни избори. Груевски не е способен да даде демократски предлог, да беше подготвен тоа ќе го направеше веќе. Сведоци сме и јас и тој, и нашите и нивни тимови како и меѓународната заедница. Веќе не се спротивставени ставови меѓу власта и опозиција, толку се јасни извештаите од странските фактори. Груевски ја пропушти опцијата достоинствено да замине од власта – изјави опозицискиот лидер одговарајќи на новинарско прашање.

Реагирајќи на последната изјава на премиерот, Заев рече дека лидерската средба е потребна поради преговорите за изнаоѓање на решение и дека, нема објаснување некој да не сака таа да се одржи.

-Од 29-ти јуни поминаа многу денови. Останавме да преговараме и покрај постојаното одолговлекување, целосно црната кампања која ја води власта преку провладините перјаници, тоа што се отворени случаи против Заев и други опозиционери. Но самото одолговлекување е повеќе од дозволено. Сите можни опции се истрошени. Лимитот е споделена одговорност меѓу власта и опозициијата за фер и демократски избори – додаде тој.

На прашањето за анкетата на Американскиот републикански институт (ИРИ), која покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев рече дека во тие бројки не верува ниту премиерот.

-Во хибриден режим во кој опстојува нашето општество, анкетите се нерелевантни и никој не верува во нив, ниту Груевски. Да веруваше ќе постигнеше договор и ќе одеше на избори каде граѓаните ќе можеа слободно да одлучат. Тој се плаши од тој момент и за него анкетите не му се од верување и затоа не сака да се договори со опозицијата за фер и демократски избори – одговори тој.

Заев не прецизираше кои „бомби“ ќе бидат следни објавени, но потврди дека имал средби со роднините на убиените во Смилковско езеро и рече дека со нив е споделено се што е законски дозволено, додека времето кога ќе бида објавена оваа папка, додаде, ќе зависи од околностите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска