Пита од бадеми со сладолед од ванила

Од:

Пита филувана со мелени бадеми и ѓумбир и послужена со сладолед од ванила …

Потребно е:
за тестото:
250 гр остро брашно
1 лажиче прашок за пециво
1 жолчка
1 лажица шеќер
140 гр путер
2 лажици џем од кајсии

за филот:
120 гр путер
100 гр шеќер во прав
2 јајца
1 белка
120 гр мелени бадеми
2 лажици брашно
2 пакетчиња лимон шеќер
1/2 лажиче ѓумбир во прав
1 лажиче цимет во прав
1-2 јаболки
сладолед од ванила

Подготовка:
–  Во еден сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, путерот на собна температура и жолчката. Замесете тесто (по потреба додадете вода) и ставете го во фрижидер да стои 1 час.

– Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го на набрашнета маса и потоа пренесете го во калап за пита со дијаметар од 24 см за да се покрие дното и рабовите на калапот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 12 минути. Печеното тесто оставете да се излади, а потоа премачкајте го со џемот од кајсии.

– Пенесто изматете ги путерот (на собна температура) и шеќерот. Со постојано матење додадете едно по едно јајце и белката, а потоа и лимон шеќерот, циметот, ѓумбирот и брашното. На крај додадете ги мелените бадеми и убаво измешајте. Филот рамномерно нанесете го на тестото.

– Јаболките излупете ги, исецкајте ги на листови и полијте ги со сок од лимон. Наредете ги над филот во облик на ладало.

– Ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 35 минути.

– Печената пита убаво изладете ја и послужете ја со сладоледот од ванила и некое парче свежо овошје.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска