Нови 21 барање за азил вчера поднесени до МВР

Од:

Во текот на вчерашниот ден до Министерството за внатрешни работи се поднесени нови 21 барање за азил во Република Македонија од 19 полнолетни и 2 малолетни лица.

Како што соопшти денеска МВР, сите баратели се мажи, а најголемиот дел од барателите, 12 се по потекло од Сирија, 3 од Пакистан, по 2 лица се од Алжир и Мароко и по едно од Ирак и Египет. Со тоа, од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Инаку, во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.07.2015 година се евидентирани вкупно 59 баратели на азил, од кои 48 баратели на азил се мажи, 3 баратели на азил се жени и 8 баратели на азил се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи), 7 малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.

Во изминатите 24 часа, стои во соопштението, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил издадени се 505 нови потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 08.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 9.510 странски државјани, од кои, 7.369 се од машки пол, 1.189 се од женски, 907 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 6.567, потоа од Авганистан 807, Ирак 511, Пакистан 421, од Сомалија 303, Палестина 246, од Конго 241, додека останатите се во помал број.

Министерството за здравсто континуирано ги спроведува превентивните мерки за дезинфекција, а во текот на претходниот ден истата е реализирана на: 2600 м2 вагони од страна на ЦЈЗ Скопје, 1500м2 површина на Центар за азиланти Визбегово, 3200м2 вагони и 800м2 површина на ж.с. Куманово и Табановце од страна на ЦЈЗ Куманово, како и 5200 м2 површина на железничка станица Гевгелија и полициски возила. Вакцинирани се 10 лица во Центарот Визбегово и на влезна точка Гевгелија нема вакцинирани мигранти во тековниот период.

Вчера, мобилните тимови на Црвениот крст пружија прва помош на 70 лица на железничката станица во Гевгелија. Реализиран е транспорт на две лица до општата гевгелиска болница (трудница поради висока телесна температура и една постара жена поради ненавремено примена инсулинска терапија). Дистрибуирани се 72 шишиња води, 5 кутии двопек, 12 УНФПА пакети, 2 ќебиња, 4 пакувања пелени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски