Денешното лого на Гугл е во чест на Херман Мелвил, американски романописец, писател на раскази, есеист и поет, кој е најмногу познат по својот роман „Моби Дик” и постхумната новела „Били Бад”.
Романот Моби Дик беше прогласен за едно од книжевните ремек дела на американската и светската литература. Тој е првиот писател чиишто дела се собирани и објавени од библиотеката на Америка. Логото на Гугл е во чест на 161 година од издавањето на романот Моби Дик.