Косовската полиција го уапсила Сулејман Османи од селото Бреза, осомничен за настаните во Куманово, а кој и побегнал на полицијата кога им го пакажувал местото каде било скриено оружјето.
Ползувајќи го непристапниот планински предел тој упеал да им избега на полицајците, кои пак сега се под истрага.
Според косовската полиција, на која се повикува Лајмперс пренесувајќи ја информацијата за апсењето на Османи, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.