ЕП одобри над 1,9 милиони евра отштета за ланските поплави во Бугарија

Од:

Европскиот парламент во рамки на својата денешна сесија во Стразбур донесе одлука за исплата на 1,983 милиони евра отштета на Бугарија за справувања со последиците од ланските поплави.

Како што јави БТА, се очекува овие средства Бугарија да ги добие во текот на септември.

Средствата се наменети за санација на штетите нанесени врз јавната инфраструктура, како и врз приватни куќи, земјоделството, животната средина и фирмите за време на полавите што ја зафатија Бугарија во јули и август минатата година.

Покрај за Бугарија, Европарламентот донесе одлука и за исплата на помош и за Италија и Романија, кои лани исто така беа погодени од поплави.

Одлуката за исплата на отштетата за трите земји во вкупен износ од 66,5 милиони евра, ја поддржаа 667 европратеници, 31 беа против, а 11 се воздржаа од гласање.

Од вкупната отштета Иралија ќе добие речиси 56 милиони, а Романија 8,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16