Коцки со кајсии

Од:

Ванилиниот кремаст прелив со кајсиите прават едно фино слатко задоволство …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
2 јајца
130 гр шеќер
1 пакетче лимон шеќер
1 ванилин шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
150 гр брашно
1 прашок за пециво

за кремот:
1 л млеко
2 шлаг креми за торта од ванила
100 гр путер
1 компот од кајсии
1 прелив за торта
40 гр шеќер
250 мл вода

Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата, шеќерот, лимон шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го маслото и млекото и повторно убаво изматете. На крај додадете го брашното помешано со прашокот за пециво.

– Подготвената смеса сипете ја во тава (40х30 см) која претходно малку сте ја намастиле со масло и посипале со малку брашно и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути. Печеното бисквитно тесто оставете го да се излади.

– Во еден сад сипете го ладното млеко и додадете ја содржината за шлаг кремот за торта. Изматете со миксер со средна брзина 2-3 минути, односна додека не добиете густ крем. Во кремот измешајте го претходно изматениот путер и повторно изматете со миксер додека да добиете хомогена смеса.

– Кремот рамномерно нанесете го на изладеното бисквитно тесто.

– Над кремот распоредете ги парчињата кајсии од компотот.

– Содржината на кесичката на преливот за торта помешајте ја со шеќерот и 3 лажици ладна вода (од тие 250 мл). Остатокот на водата загрејте го до вриење, тргнете го од рингла, сипете ја подготвената смеса и повторно со мешање загрејте го до вриење.

– Преливот оставете го да се излади неколку минути и потоа прелијте го над овошјето на колачот.

– Пред да го исечете на коцки и да го послужите изладете го колачот во фрижидер барем 30 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска