Несекојдневна подготовка на тиквички …
Потребно е:
2 средно големи тиквички
200 гр исчистени ракчиња
200 мл салса од домати
100 мл бело вино
2-3 чешниња лук
магдонос
сол, бибер
маслиново масло
Подготовка:
– Во тава на рингла на малку загреано маслиново масло кратко пропржете го ситно исецканото лукче колку да пушти мирис.
– Веднаш додадете ги ракчињата и пропржете ги само неколку минути.
– Сипете го белото вино и оставете 1-2 минути да почне да врие. Тогаш тавата тргнете ја од рингла, зачинете со сол и бибер и оставете да се излади.
– Во еден сад малку загрејте ја салсата од домати.
– Тиквичките внимателно исечете ги на тенки ленти – како шпагети.
– Во поголема длабока тава ставете малку маслиново масло и загрејте го. Ставете на неколку пати по малку од шпагетите од тиквички, завртете ги од сите страни и извадете ги на чинија.
– Над тиквичките сипете од салсата од домати и одозгора наредете од ракчињата и послужете.