Фидел Кастро му ја честиташе на Ципрас „брилијантната политичка победа“

Од:

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро вчера му честиташе на грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговара „брилијантна политичка победа“ на референдумот што беше одржан во неделата, а на кој грчките гласачи решително ги одбија барањата на меѓународните кредитори.

Кастро, преку венецуелската ТВ станица „Теле Сур“,  на Ципрас му порача дека „внимателно ја следел неговата победа“, се наведува во соопштението од кабинетот на Ципрас, што го пренесуваат француските медиуми.

Во писмото упатено до грчкиот премиер, 88-годишниот поранешен кубански лидер Грција ја опишува како добро позната земја за Кубанците по нејзината историја и познатиот придонес за „најкомплексните од сите човекови активности, уметноста и политичката наука“.

Кастро истакна дека на Грција „и се воодушевуваат народите од Латинска Америка и Карибите“ заради начинот на кој „го брани својот идентитет и својата култура од надворешна агресија“ и на крајот од писмото на својот „ценет колега“ му посака „најголеми успеси“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција