Ванила, лимон и кафе се фантастичен спој во овие кремасти колачиња со лесен и богат вкус…
Потребно е:
за тестото:
150 гр путер
300 гр пченично остро брашно
80 гр шеќер
1 пакетче лимон ванилин шеќер
2 жолчки
за кремот:
2-3 лажичиња инстант кафе
500 мл млеко
1 кесичка крем за торта од ванила
чоколадни парченца
Подготовка:
– Ладниот путер исечете го на помали парчиња, додадете ги во брашното и изматете со пожош на миксер додека да добиете хомогена зрнеста смеса. Додадете ги и шеќерот, лимон ванилиниот шеќер, жолчките и мешајте 2-3 минути.
– Тестото домесете го со рака и ставете го во фрижидер да стои околу 30 минути.
– Калапите за кошничките намачкајте ги со путер и обложете ги со тенок слој тесто. Калапите потоа ставете ги на тава за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени од 10-12 минути.
– Инстант кафето измешајте го во 50 мл топло млеко. Сипете го во поголем сад, додадете го остатокот од ладното млеко и содржината од кесичката за крем за торта. Матете со миксер со средна брзина 2-3 минути.
– Испечените кошнички наполнете ги со подготвениот крем, посипете со чоколадни парченца и ставете ги во фрижидер околи 1 час да се изладат и да се стегне кремот.
– Послужете ги убаво изладени.