Пчиња безбедна за капење

Од:

Водата на реката Пчиња е безбедна за капење, покажаа испитувањата на земените мостри што ги извршија екипи на Центарот за јавно здравје Куманово. Ова значи дека излетниците можат да се капат на излетничките места крај Пчиња, изјави денеска доктор Мимоза Величковски, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Куманово.

Примероите се земени на две излетнички места кои во овој период од годинава најчесто се посетувани од излетниците од Кумановско, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ во  Пелинце и кај бањата во Стрновац. Испитувањата покажуваат дека во однос на микробиолошките анализи кај двата примерока не е докажано присуство на бактерии од фекално потекло.

– Во однос на физичкохемиските анализи докажана е зголемена матност која е последица на временските прилики. Водата со ваков квалитет граѓаните може да ја користат за капање, но им препорачуваме да внимаваат посебно кај децата да не дојде до голтање на водата и по капењето да се тушираат  со чиста вода, изјави доктор Величковски.
Испитувања кои ги  спроведуваат екипите на Центарот за јавно здравје се вршат  неколку пати годишно со зголемен интензитет во јули и август кога и најчесто има посетители на излетничките места лоцирани покрај реката Пчиња.

Би можело да ве интересира

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он