Папата Франциско, кој ја почна осмодневната турнеја по Јужна Америка, во главниот град на Еквадор, Кито беше пречекан од околу половина милион луѓе.
Папата им дозволи на верниците и да направат „селфи“ со него.
За денеска е предвидено папата Франциско да се сретне со претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа. Тој за време на посетата на Еквадор ќе го посети и најголемиот град Гвајакиле
Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги посети и Боливија (од 8 до 10 јули), при што ќе претстојува во Ла Паз и во Санта Круз и Парагвај (од 10 до 12 јули), а ќе ги посети Асунсион и Какупе.
Планирано е тој да одржи 22 средби со верниците, така што оваа посета веќе е прогласена за најнапорна од кога 78-годишниот Франциско стапи на должноста.
Папата ќе ги посети една од најсиромашните приградски населби на Асунсион и еден од најопасните затвори во светот, Палмасол во Боливија, каде казна отслужуваат 3.500 лица, а каде во 2013 година, при еден судир меѓу затворениците, загинаа десетици лица.
За време на посетата на Боливија папата Франциско ќе џвака и лист од кока.