Над 1.000 мигранти дневно поминуваат низ Македонија

Од:

Над 1.000 илегални мигранти за едно деноноќие влегле во Македонија, а од ден во ден се зголемува притисокот на јужната граница, а напливот на бегалци од земјите на Блискиот Исток и од Африка е се поголем. Грчката полиција нема соодветно обезбедување на јужната граница, па оттука и оправданоста што македонската полиција има засилена контролата на границата.

Главно илегалните мигранти Македонија ја користат како транзит земја, но вчера биле поднесени првите барања за азил. 17 државјани на Сирија од кои 6 мажи, 7 жени и 4 деца побарале азил во Македонија.

Од стапувањето на законските измени за азил, 7.386 лица пополниле потврди за азил, но ја напуштиле земјата во рок од 72 часа.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод