Друга варијанта за оваа салата е да ја направите со туна наместо со пилешко месо …
Потребно е:
250 гр шарени тестенини
1 парче пилешки гради
1 зелена месната пиперка
2 домати
зачин за печено пилешко месо
за преливот:
1/2 чаша кисела павлака
1/2 кесичка мајонез
оригано
босилек
сол, бибер
Подготовка:
– Пилешкото бело месо исечете го на коцки и посипете го убаво со зачинот за печено пилешко месо. Малку испржете го во тава на малку масло.
– Тестенините сварете ги во солена вода. Зеленчукот исецкајте го на мали коцки. Уште топлото месо и исцедените тестенини измешајте ги во еден сад. Додадете го и зеленчукот.
– Посебно убаво измешајте ги сите состојки за преливот и прелијте го над салатата. Повторно измешајте.
– Салатата ставете ја да отстои во фрижидер околу 1 час пред да ја послужите.