(ВИДЕО) СДСМ Штип: Итно да се реши проблемот со водоснабдувањето во Балканска, Македонка и село Чардаклија

Од:

„Јавното претпријатие Исар деновиве бара од жителите на населбата Балканска во Штип да потпишат договори за наплата на ѓубретарина, градско зеленило и канализација.

Скандалозно, во овие договори не е наведено колкава ќе биде сумата, односно колку тоа ќе ги чини граѓаните и по која одлука на Советот на општина Штип ќе се врши наплатата. Ова e незаконска постапка на незаконски поставениот ВД Директор на ЈП Исар“, рече на денешната прес конференција Марија Костова, ОО на СДСМ Штип.

„Дополнително, од граѓаните се бара да плаќаат за канализација а сите фекални води од населбата Балканска, како и од населеното место Чардаклија, наместо во градскиот колектор истекуваат директно во реката Брегалница, на неколку метри од самата населба.

Нерешавањето на овој сериозен проблем, со години, го загрозува здравјето на граѓаните и резултира со појава на епидемија на заразна жолтица во оваа населба.

Се уште не е решен ниту проблемот со обезбедување на чиста вода за пиење за населбите Балканска, Македонка и селото Чардаклија.

Наместо градоначалникот Захариев и ЈП Исар да се зафатат со решавање на овие проблеми од голема важност за граѓаните тие сакаат незаконски да им земаат пари.

Бараме канализацијата од населбата Балканска веднаш да се приклучи во главниот градски колектор, со што ќе се заштитат граѓаните од овој извор на зарази.

Бараме итно да се реши проблемот со водоснабдувањето со чиста вода за пиење за населбите Балканска, Македонка и село Чардаклија.

Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ и ЈП Исар ќе бидат директно одговорни за загрозување на здравјето на жителите од овие приградски населби“, изјави Костова.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Предраг Петровиќ

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Мисердовска: СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево, гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

А1он