Надал: Секогаш го прифаќам поразот

Од:

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал последните четири настапи на Вимблдон ги завршува многу порано од очекуваното.

Шпанецот, кој е двократен шампион на овој турнир во 2008 и 2010 година. вчера загуби од 102-от на ранг листата, Германецот Дастин Браун со 3:1 во сетови.

– Секогаш го прифаќам поразот. Не сум среќен, но прифаќам дека не бев доволно добар. Ќе продолжам понатаму и ќе продолжам да работам повеќе. Ако не успеам да се вратам на претходното ниво, нема да биде ништо лошо. Играв пет финални меча на Вимблдон и двапати победував, ни тоа не лошо, изјави Надал по поразот.

Надал во моментов се наоѓа на 10. место на АТП листата, а за самиот меч со Браун истакна: „Тој немаше што да изгуби, а јас никако не можев да најдам ритам во мечот и немав ниту три удари во еден поен како што посакував. Мојот противник, јас и целата таа комбинација беше причината за поразот“.

За годинашниов настап Надал изјави дека бил подготвен за разлика од 2012 и 2013 година, кога поради повредите не беше во најдобра форма и ги загуби мечевите од Лукаш Росол и од Стив Дарцис. Лани Шпанецот загуби од Ник Киргиос во четвртото коло.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска