Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими претседателот на Парламентот на Унгарија Ласло Ковер, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Ковер вчера имаше средба со неговиот македонски колега Трајко Вељаноски, како и со претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Ермира Мехмети – Деваја и со координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.