Обединети за Македонија ја изразува својата безрезервна поддршка на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во неговото опстојување на зацртаните барања за целата опозиција, а тоа се промена на режимот и состав на преодна Влада, без Никола Груевски на чело.
Процесите против него се притисок, а монтирани се од нелагалниот режим, и спроведени од непризнат правосуден систем. Тоа е веќе воспоставен и проверен механизам за казнување на неистомисленици, а сега политички затвореници, како што е и нашиот лидер Љубе Бошковски, се вели во соопштението од партијата.