Македонската опера и балет ќе ја заврши оперската сезона на 4 јули со најизведувана и најпопуларна претстава „Травијата“ која ќе биде бесплатна за посетителите.
Претставата е во режија на Нина Најденова од Бугарија, диригент е Дејан Савиќ од Белград.
Насловната улога (Виолета Валери-Травијата) ќе ја толкува сопранистката Благица Поп Томова, Зоран Сотиров ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, а ликот на Жорж Жермон ќе го толкува баритонот Франческо Бајоки – гостин од Италија.
Бесплатните билети може да се подигнат на билетарницата на Македонската опера и балет, секој ден од 10 до 20 часот.