Пилешко полнето со спанаќ и маскарпоне

Од:

Кремасто полнење и меко пилешко месо, одличен ручек …

Потребно е:
4 пилешки парчиња бело месо
250 гр спанаќ
100 гр панцета
4 млади кромидчиња, исчистени и ситно исецкани
200 гр маскарпоне сирење
50 гр пармезан, изрендан
маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:
– Спанаќот бланширајте го неколку минути во вода што врие, исцедете го и ставете го неколку минути во сад со ладна вода. Повторно исцедете го со раце и исецкате го на ленти.

– Во широка плитка тава на малку маслиново масло и на средна температура пропржете ја панцетата исецкана на коцки. Потоа додадете го и сецканиот кромид.

– Кога ќе омекне кромидот додадете ги спанаќот, маскарпонето и пармезанот. Зачинете со сол и бибер и трнете го на страна да се излади.

– Во парчињата пилешко месо со остар нож исечете отвор како џеб, посолете ги и наполнете ги со филот од маскарпоне и спанаќ. Џебовите затворете ги со чепкалки за заби.

– Наполнетите парчиња пилешко месо ставете ги во тава за печење, посипете со малку маслиново масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска