Судскиот совет одлучи Верушевски и Заев да ги испрати на обвинителна клупа

Од:

На обвинетите во случајот „Пуч“ ќе им се суди во редовна судска постапка откако судскиот Совет одлучи да го одобри обвинителниот акт поднесен од јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Одбраната направи обид да се отфрли обвинението како нецелосно и контрадикторно и побара од судскиот Совет да го преиспита. Советот одлучил да ги одбие приговорите на одбраната како неосновани.

По оваа одлука предметот се испраќа кај надлежен судија кој ќе им суди на петмината обвинети во случајот „Пуч“, меѓу кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски и неговата сопруга, Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски и Бранко Палифров

Одлуката на Советот следи еден месец по јавната расправа која се одржа на 1-ви јуни, а каде одбраната ги образложи своите аргументи.

„По одржано рочиште за оценка на обвинителен акт, како и детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната и ценење на доказите врз кои се заснова обвинителниот акт, Советот донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани.

Советот во одлучувањето утврди дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и приложени се докази во прилог на обвинението“, стои во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Обвинителство ги терети петтмината обвинети за шпионажа, насилство спрема државни функционери и незаконско прислушување.

„Воедно Советот имаше предвид и дека одбраната поднесе обемна листа на докази, а усното образложение на приговорите претставува и делумна одбрана на обвинетите што за Советот претставува уште еден аргумент во прилог на одлуката да се закаже јавна, главна и усна расправа на која во контрадикторна постапка ќе се решаваат прашања што се предмет на испитување и оцена на главна расправа“, соопштуваат од Судот.

Откако предметот ќе биде распореден кај надлежен судија за постапување, ќе биде закажан термин за главна расправа.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов