Вкусен декоративен колач …
Потребно е:
450 гр исчистени и исцедени вишни
500 гр смрзнато лиснато тесто
800 мл млеко
10 полни лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 гр пудинг од ванила (во прав)
4 жолчки
170 гр путер
300 мл слатка павлака
Подготовка:
– Одмрзнатото лиснато тесто истенчете го со сукало во форма на правоаголник со димензии 30х25 см. Тестотo исечете го на 5 ленти.
– Вишните поделете ги на два дела. Едниот дел од вишните распоредете ги по средината на сите пет ленти наредени една до друга. Секоја лента замотајте ја во тенок ролат.
– Ролатите наредете ги во тава обложена со хартија за печење на тој начин што крајот на тестото да биде од долната страна за да не се отворат додека се печат.
– Истата постапка повторете ја и со вториот дел од тестото. Вкупно треба да добиете 10 ролати.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– Во еден сад пенесто изматете ги жолчките. Додадете 300 мл млеко и пудингот во прав и убаво измешајте за да не останат грутки во смесата.
– Остатокот од млекото ставете го во еден сад на рингла заедно со шеќерот и оставете да проврие. Тогаш во млекото додадете ја смесата со жолчки и пудинг и со постојано мешање варете додека да се згусне. Овој фил оставете го да се излади.
– Путерот пенесто изматете го, додадете го во изладениот фил и убаво измешајте.
– На долгнавеста чинија за сервирање или послужавник наредете 4 ролати еден до друг. Премачкајте ги со филот од сите страни. Над нив наредете 3 ролати и повторно премачкајте ги со фил. Потоа два ролати, па фил и на крај 1 ролат.
– Со остатокот од филот премачкајте ја пирамидата од сите страни и ставете ја да се излади во фрижидер пред да ја филувате со шлаг.
– Слатката павлака изматете ја да добиете густ шлаг. Со шлагот филувајте ја пирамидата.
– Пирамидата убаво изладете ја во фрижидер пред да ја послужите.