Со ова јадење добро ќе оди некое овошно црвено вино …
Потребно е:
4 тортиљи
120 гр полутврд кашкавал (проволе)
6 поголеми шампињони
1 зрело авокадо
2 главици црвен кромид
2 лажици бел вински оцет
1 лажица шеќер
1/2 лимон
маслиново масло
сол и мешавина на трибоен бибер
Подготовка:
– Исчистете го кромидот и исечете го не многу тенко. Ставете го во подлабока тава на рингла, додадете 200 мл вода, оцет и шеќер и варете додека не испари целата течност. Додадете 1 лажица маслиново масло и варете уште 5 минути со постјано мешање.
– Печурките измијте ги убаво, исушете ги и исецкајте ги на листови. Пропржете ги на 2 лажици загреано маслиново масло додека не доубијат убава златно-кафена боја. Зачинете ги со сол и бибер и тргнете ги на страна.
– Авокадото исечете го на пола, извадете ја семката и испасирајте ја внатрешноста. Посипете со сок од лимон, сол и бибер.
– Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде.
– Во врела тава на рингла загрејте 1 тортиља. Свртете ја па на едната половина ставете еден слој од изгренданиот кашкавал, еден слој кромид и по еден слој печурки и авокадо. Преклопете ја ториљата на пола и потпечете ја уште по 30-тина секунди од секоја страна. На крај треба да биде крцкава.
– Печената кесадиња исечете ја на пола и послужете ја топла.
– На истион начин подгответе ги и другите три тортиљи.