Белгија обезбедува дополнителни 40 милиони евра за борба против тероризмот

Од:

Белгиската Влада обезбедува дополнителни 40 милиони евра за борба против тероризмот, изјави премиерот Шарл Мишел.

Десет отсто од тие средства ќе бидат насочени кон заштита на еврејската заедница и еврејските објекти во земјата.

Премиерот прецизираше дека од посочените  средства ќе бидат набавени дополнителни технички можности, како и повеќе персонал за службите.

Мишел разговарал со европскиот координатор по прашањата за борба против тероризмот Жил де Керков.

Експертот инсистирал државите од ЕУ да ја зајакнат соработката со земјите од јужниот Медитеран, особено со Тунис и Мароко.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски