СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поставување на уште еден криминален споменик

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, денеска, во Советот на Град Скопје донесе одлука за поставување на уште еден криминален споменик во Скопје, од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, кое нема финансиско покритие за овие донации.

Одлуката е донесена во отсуство на советниците од СДСМ и коалициските партнери кои ја напуштија седницата.

Советниците на Груевски немаше да можат да ја донесат оваа одлука затоа што немаше кворум. На седницата не присуствуваа и советниците од ДУИ и ДПА.

Кворумот го обезбеди советникот Драган Колчаковски од ВМРО Народна партија кој по долго отсуство од голем број седници се појави во салата.

Со своето присуство тој овозможи прием на донацијата за подигнување на уште еден криминален споменик.

Дали со ова се официјализира соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна партија во Советот на Град Скопје или станува збор за договор со Груевски за лични интереси на советникот Драган Колчаковски – како и да е, случајот покажува дека Никола Груевски продолжува со криминалното однесување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда