Гибаница со урда

Од:

Потребно е:
500 гр урда
300 гр кравјо сирење
500 гр подебели кори за пита
6 јајца
50 мл масло + и уште малку за посипување
1 прашок за пециво
200 мл газирана минерална вода

Подготовка:
– Во еден сад издробете го сирењето. Додадете ги урдата, јајцата, 50 мл масло, прашок за пециво, минерална вода и со жица за матење убаво изматете.

– Тавата во која ќе ја печете гибаницата (20х30 см) намастете ја и на дното ставете три не многу згужвани кори.

– Прелијте со малку фил и ставете една кора преку. Повторно нанесете од филот. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. По потреба попрскајте со малку масло додека ги редите корите. Последната кора испрскајте ја уште со малку масло и со раце убаво распоредете го маслото.

– Ставете ја гибаницата да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска