Една од најчестите заблуди поврзани со модната индустрија е дека машките модели живеат во луксуз. Сите претпоставуваат дека нивниот живот се состои од раскошни забави и места во првите редови на некои од многуте познати модни недели, но се чини дека тоа не е така.
Документарниот фим „Unglamorous“ открива дека нивниот живот всушност е исцрпувачки, напорен и се само не гламурозен.
За голем број од машки модели првиот чекор во настојувањето да се пробијат на меѓународната сцена е селење во Њујорк, но ретко кој тоа го постигнува.Нивните денови се состојат од трчање од кастинг до кастинг и надеж дека еден ден ќе ги покријат нивните долгови кои ги имаат скон својата агенција заради трошоците на живеење која таа им ги покрива. Всушност голем број модели воопшто не ги добиваат парите кои ќе го заработат се додека долгот не се отплати.
– Им плаќате однапред авионски билет, во многу случаи и виза, сместување, храна и џепарлак. Ако моделот ништо не сними во првите три месеци, неговиот долг се искачува на сума од 10.000 до 16.000 куни, истакна агентката Натали Кеитс- Фери.
Дури и лицата кои американската публика веќе ги познава, како Малик Линдо-Арленд, кој се појави во кампањата за Abercrombie&Fitch и Huga Boss не живее таков живот каков им го припишува публиакта. Екипата на документарниот филм го посети во малиот стан кој го дели со цимерот.
Освен што мораат да се грижат да пронајдат ангажман, машките модели мораат да внимаваат и каква е таа работа.
– Дизајнери и фотографи за кои никој не слушнал. не одиш кај нив, рече манекенот РЈ Кинг.