(ВИДЕО) Стотици мигранти на границата молат за помош и влез во Македонија: И ние сме луѓе, не сме животни

Од:

На самата граница помеѓу Грција и Македонија, на грчка територија, стотици мигранти со денови, безуспешно се обидуваат да влезат на македонска територија. Под ведро небо, без храна и здравствена заштита, апелираат за помош-Грција бара да заминат од нејзина територија, а Македонија ги спречува да преминат илегално.

-Не третираат како животни. За какви човекови права зборуваат? Каде се Обединетите нации да се јават, каде е Европската унија? Каде исчезна Црвениот крст? Овде има болни, ранети, уморни луѓе кои пешачеле со денови, очајно повикуваат овие луѓе.

Мигрантите, во близина на границата кај Гевгелија, но на грчка територија, за А1он велат дека македонската полиција им кажувала дека Србија најавила затворање на границата и нема да можат да поминат кон Европа. МВР ова и официјално го соопшти претходно-кажа дека презема превентивни мерки поради најавата на Унгарија да направи ѕид со границата кон Србија, што предизивика рекација на Србија дека ќе ги враќа назад во Македонија сите мигранти. А, Грција пак бара да ја напуштат нејзината територија за 30 дена.

-Не сме животни, ние сме луѓе. Македонската влада со ваквите мерки ги поддржува криумчарите кои за 2000 евра сепак префрлаат некои од луѓето преку граница. Бараме само да ни дозволат да поминеме, нема да се задржуваме во Македонија, велат тие.

Мигрантите немаат немаат пасоши за да преминат на македонска територија легално, па затоа се обидуваат на другиот начин. Оние што успеваат да влезат, добиваат потврди дека може да останат во земјава 72 часа. Досега е спречен обид за влез на околу 2000 мигранти.

-Секој ден се обидуваме, но полицијата не враќа назад. Овде немаме храна, немаме вода, немаме каде да преспиеме. Ако купуваме храна многу поскапо ни ја наплаќаат.
-Немаме пасоши, избегавме од нашата држава, ништо не зедовме со нас. Ако беше добро во нашата држава немаше да ја напуштаме, велат мигрантите.

На железничката станица во Гевгелија стотина мигранти кои успеале да влезат во земјава, чекаа воз со надеж дека ќе ја поминат границата со Србија, а од тука дека ќе продолжат кон Австрија и Германија.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти