20-годишната моделка и мис на светот за 2010 година, Џенифер Шерман почина ненадејно во Јужна Америка.
Иако се уште не е јасна причината за нејзината смрт, се шпекулира дека најверојатно се работи за вирусна инфекција.
Од модната агенција на моделката во Минстер објавија дека таа потпишала договор со нив пред 3 недели, но велат: “Сега сакаме да го изразиме нашето сочувство на семејството, пријателите и на сите оние на кои им беше драгоцена”.
Последно Џенифер живееше и работеше во Буенос Аирес. Нејзиниот татко емигрира од Аргентина во Германија пред повеќе од 30 години.
Убавата девојка стана позната по учеството во шоуто на телевизија VOX заедно со Ева Пандберг и Каролина Куркова.