А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Секогаш кога ќе се исуши некоја од врбите ќе продолжиме да носиме нови

by А1он17/10/2012 - 15:52183
Share0

„Најскапите врби во светот, фамозните, милионски врби на Владата, почнаа да се сушат. И претходно се сомневавме дека врба платена 80 илјади евра трајно ќе биде дел од Вардар“, вели Кристина Костова од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Сепак, таа е само обична врба, исто како оваа, која ние денеска ја донесовме овде, а ја плативме скромни 250 денари“, додава таа.

Ние повторно после четири месеци преземаме акција за заштита на врбите, но и за заштита на народните пари.

Ако знаеме дека за три врби Владата потроши 250 илјади евра и ако знаеме дека расипнички троши буџетски пари за сè и сешто и при тоа под превезот „уметност“ сокрива огромен криминал, тогаш јасно е дека нашата акција е оправдана.

И во иднина ние ќе продолжиме да носиме врби од 250 денари за да се засадат на местата на исушените, за да спречиме нова неразумна набавка на Владата, со добро познатиот метод на анекс кон договорот.

Ние ќе се заложиме секогаш кога ќе се исуши некоја од врбите, а гледаме дека тоа станува често, да продолжиме да носиме врби, за да не ни објават нов анекс- договор штетен за буџетот.

Можеме и да ѝ кажеме на Владата каде има врби од 250 денари, исти како оние кои ги купија за 250 илјади евра, па заеднички да ја засадиме нашата иднина, заврши Костова.

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он20/04/2026 - 20:47

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он20/04/2026 - 19:0420/04/2026 - 22:44

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:45

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он19/04/2026 - 09:0719/04/2026 - 16:49

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 13:3518/04/2026 - 15:57

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто