Тортиљи

Од:

Многу едноставно ќе ги подготвите …

Потребно е:
300 гр бело пченично брашно
300 гр бело пченкарно брашно
250-270 мл топла вода
2 лажици масло
1/2 лажиче сол

Подготовка:
– Во еден подлабок сад измешајте ги двата вида на брашно. Направете дупка во средината и во неа постепено додавајте ги маслото и млаката вода. Со помош на дрвена лажица мешајте ја смесата за да добиете цврсто тесто. Извадете го тестото на набрашнета површина и домесете го со раце околу 3 минути или додека не стане потполно хомогено.

– Тестото поделете го на 9-10 топки, во зависност колаку сакате да се големи тортиљите. Секоја топка тесто развлечете ја со сукало додека не биде потолно тенка, отприлика со дебелина на лист хартија. Неразвлечените топки тесто чувајте ги замотани во пластична фолија за да не се исушат.

– Загрејте ја тавата на рингла и ставете една тортиља во сува тава. Кога краевите ќе почнат да се одвојуваат од тавата и ќе почнат да се вртат навнатре, завртете ја да се испече и од другата страна. Доволно е да се печат само по неколку секунди од секоја страна.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска