Геј брак да, абортус не

Од:

Гардиан – Лондон

Последните децении присуствуваме на прифаќање на хомосексуалноста како клучен показател на модерност. Беше прекрасно да се гледа промената на ставовите наспроти предрасудите, шиканирањето на хомосексуалците и затворањето на нивните места на собирање. Многу хетеросексуалци и понатаму си честитаат на специјалната способност која им овозможила да го прифатат постоењето на хомосексуалците. Тоа се случува на индивидуално и државно ниво. Мили Боже, Ирска не се само Ангелин пепел и момчешките вечери во Темпл Бар: луѓето гласаа за истополен брак! Со падобран се спуштија во 21 век преку боите на виножитото на трансвестизмот и уважувањето на другиот. Ирска се спротивстави на се помалубројното свештенство и едноставно рече да.

Во Англија црквата и ториевците жестоко се бореа во врска со истополовите бракови. Англиската црква не може да се модернизира, бидејќи се плаши од својата паства во многу африкански земји. Камерон мораше да ги вработи своите последни клупи, кои како и многу меѓу нас, мислеа дека геј бракот може да доведе до легализација на заедница со луѓе со кози или со своите браќа. Но климата се менуваше. Пред неколку години некој ме праша на кој најголем хомосексуален настан сум присуствувала. Реков дека тоа е партиската конференција на ториевците, бидејќи претходните пет дена ги поминав со министри кои се преслушуваа кој се уште „не излегол од плакарот“ и зборувале со помошниот персонал и делегатите кои сите беа горди и сто процентно ториевци.

Кога Камерон изјави: – Не го поддржувам хомосексуалниот брак наспроти тоа што сум конзервативец; го поддржувам бидејќи сум конзервативец – беше сосема во право: тоа е причина зошто јас не го поддржувам. Бракот всушност е конзервативна институција. Но, сфаќам дека тој е механизам за промени и ако луѓето сакаат да стапат во многу поседничка состојба на серијална моногамија-монотонија, тоа треба да им се овозможи. Затоа резултатите од гласањето во Ирска не ги допре само најтврдокорните луѓе.

Но, по журката доаѓа барањето: хетеросексуална поддршка за геј бракот не чини ништо и што е уште поважно, истото важи и за многу политичари. Можеби ќе ве чини неколку екстравагантни свадбени подароци, но тоа е се. Од кога утврдивме дека некој е хомосексуалец поради тоа што е, а не поради тоа што го прави, геј идентитетот стана нај удобен од сите потрошувачки лудачки кошули. Геј свадбите подеднакво се бесмислени како и сите други. Но ќе се борам за ваше право на церемонија на венчавање и свадба. И свадбена торта.

По масовното гласање за геј брак во Ирска, луѓето почнаа да се прашуваат: добро, Ирска сега има геј брак, а кога ќе го легализираат абортусот? Амнести токму води одлична кампања по тоа прашање, кое ни открива нарушувања до кои дојде во матрицата на либералното мислење. Се откри дека на луѓето полесно им е да прифатат истополен брак од репродуктивните права на жената. И решението на овој проблем не оди како по лој. Истите културни војни се водат и во Америка, од каде и потекна овој израз. И таму некои републикански сенатори се залагаат за истополен брак, но и понатаму се жестоки борци против абортусот.

Тоа никако не значи дека жените немаат абортуси. Кога пред 30 години првпат дојдов во Даблин, на жените под маса им се оставаа англиски броеви на телефони. Ирска буквално го извезува своето нерешено прашање за абортусот. Само што тогаш Иркињите во Англија стигнуваа со брод, а сега исто бледи и исплашени, официјално бројот им е 4.000 годишно, стигнуваат со летови на Рајанер.

Имаше неколку медиумски сокриени случаи, како што е случајот со Савита Халапанавар, која починала бидејќи докторот изјавил дека не умира доволно за итна интервенција. Животот на жените сеуште се смета за помалку вреден од животот на фетусот, кој не може да преживее самостојно. На силувана 14 годишна девојка која абортира сеуште и се заканува можност од затвор.

Нема потреба да ги набројувам сите аргументи во прилог на женската слобода на избор. И хомосексуалноста порано беше сфаќана како зло, но тука работите се променија на подобро. На ова место во 1993 година ја објавив својата сторија за абортусот. Тоа не беше исповед ни признание. Беше факт од мојот живот, од животот на многу жени и јас поради неа не чувствувам никаква вина. Тогаш беше потребно тоа јавно да се каже. Иако мнозинството го поддржуваат правото на жените на избор, политичарите и понатаму се залагаат за постоечките закони, советување на жените и расправи за должината на траењето на бременоста во момент на абортус. Како да има некаква смисла да се преговара за основното право на жената да го контролира своето тело.

Тоа успева бидејќи абортусот претставува сериозно морално прашање. Така беше претставена и хомосексуалноста како едноставно лоша, но тука дојде до промени. Порано меѓу жените и хомосексуалците постоеше премолчено разбирање на тие кои подеднакво страдаат. Тоа заедништво сега е разбиено. Политиката на идентитетот ги добива битките, но ја губи војната. Либералниот поглед на светот вели дека хомосексуалната љубов е прекрасна и дека жените имаат право на слободен секс.

Бракот сето тоа го поврза во систем во кој репродуктивното право на жената останува закана во тој систем. Да кажеме отворено: полесно е да се продаде голема истополна свадба, отколку олеснување кое многу жени го чувствуваат по прекин на несакана бременост.

Значи, показател на модерноста која ни зборува до каде сме стигнале како општество не е прифаќањето или неприфаќањето на хомосексуалноста, тој показател останува автономијата на женското тело. Културните војни на тоа поле, во Ирска и Америка, ќе бидат добиени кога луѓето на власт ќе прифатат дека мојата матка е само моја. Или твоја. 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on