ФФМ: Регионалната лига останува во фокусот

Од:

Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на вториот регионален состанок на федерациите од регионот во Опатија, заедно со своите колеги од БиХ, Црна Гора, Словенија, Србија и со домаќините од Хрватска.

Во Опатија беше разговарано за повеќе теми кои се заеднички за сите федерации. Главната тема на овој состанок беше заштита и безбедност на фудбалски натпревари, што секако е најголемиот проблем за сите учесници на овој настан. Стана збор и за актуелната состојба на ниво на ФИФА и УЕФА, регионалното натпреварување, новата улога на медијатор во преговорите помеѓу клубовите и играчите во трансферите и вработувањето, како и социјалниот дијалог меѓу здружението, клубовите и играчите.

Претставниците на здружението изразија силна загриженост за безбедносната ситуација на нивните стадиони. Тие за ваквата ситуација го известија и шефот за безбедност на УЕФА господинот Марк Тимер. Сите учесници беа единствени во ставот дека без интегрирано и ефикасно дејствување на државните институции  ова прашање фудбалските организации нема да можат да го решат самите. Без тоа нема да може да им се овозможи на фудбалерите, нивните организации, како и најголемиот дел од навивачите да ја следат играта без вербално насилство, пиротехника и без инциденти.

Учесниците на средбата разменија информации за статусот на професионалните фудбалери, по што беше донесен заклучок дека националното законодавство треба да ги земе предвид спецификите и разликите во нивниот работен статус, вклучувајќи и финансиски бенефиции.

Организирањето на Регионалното натпреварување ќе биде една од темите на претстојниот состанок на претседателите, генералните секретари и членките на УЕФА кој ќе се одржи во септември оваа година.

Континуираната соработка поврзана со  натпреварите, размената на искуства, вработувањето се очекува да продолжи и да биде подобрена на следниот состанок. Домаќин ќе биде Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина во Сараево. Настанот ќе се одржи во ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија