Овошна пита со крем

Од:

Бисквитно крцкаво тесто, свиленкаст крем и свежо овошје …

Потребно е:
240 гр меко брашно
прстофат сол
25 гр шеќер во прав
150 гр ладен путер
1 жолчка
2-3 лажици ладна вода

за жолтиот крем:
4 жолчки
75 гр шеќер
300 мл слатка павлака
100 мл млеко
1 стапче ванила
1 лажица ладна вода
5 гр желатин во прав (или 3 ливчиња желатин)

овошје по желба

прелив за торти

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, солта и шеќерот.

– Путерот исечете го на тенки листови и додадете го во садот кај брашното. Со врвовите на прстите полека втријте го брашното во путерот за да добиете ронливо тесто. Внимавајте, немојте многу да го сискате за да не се растопи путерот и тестото да не стане тегаво.

– Изматете ги ладната вода со жолчката и додадете ги во тестото. Повторно замесете го со рака.

– Тестото формирајте го како диск, замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да стои околу 30 минути.

– Подгответе го калапот за печење на питата.

– Диск расукајте го помеѓу двете фолии со дебелина од околу 3 мм и втиснете го во калапот. Подигнете ги краевите и отсечете се што е вишок за да добиете убави рамни краеви. Калапот не треба дополнително да го мастите ниту пак да го набрашните пред да го ставите тестото.

– Тестото избоцкајте го на повеќе места со вилушка и одозгора по целата површина на тестото наредете зрна грав кои ќе спречат да се деформира тестото додека се пече.

– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-тина минути. Извадете го тестото од рерна, тргнете ги зрната грав и вратете го калапот во рерна уште 5-10 минути.

– Во меѓувреме подгответе го премазот. Тој ќе помогне да го заштити тестото од влагата од кремот и овошјето. Вака премачканото тесто ќе остане подолго време крцкаво. За премазот изматете ја жолчката со слатката павлака. Со ова премачкајте го тестото кога ќе биде печено и уште врело. Повторно вратете го тестото во рерна за да испече премазот уште 1-2 минути.

– Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го да се излади во калапот.

– Преминете на подготовка на кремот. Во сад на рингла ставете ги слатката павлака и млекото и оставете да зовријат. Во нив додадете ги и семките ванила.

– Во друг сад изматете ги убаво жолчките со шеќерот додека не станат пенести. Потоа почнете полека да ја сипувате зовриената смеса од павлака и млеко во жолчките со постојано мешање. Кога смесата ќе стане хомогена вратете ја на рингла и малку загрејте ја додека не почне да се згуснува. Кремот не смее никако да почне да врие затоа што жолчките ќе се згрутчат.

– Растопете го желатинот во лажица ладна вода и додадете го во врелиот крем (кој сте го тргнале од рингла).

– Оставете го кремот малку да се излади, а потоа распоредете го на печеното тесто и ставете го во фрижидер да се излади.

– На изладениот крем наредете го овошјето (по желба).

– На крај овошјето се четкичка премачкајте го со прелив за торти. На тој начин овошјето ќе остане подолго време свежо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска