Возачот на Мекларен и поранешен возач на Ферари,на новинарско прашање одговараше зошто го напуштил италјанскиот Ф1 тим.
-Ја изгубив мотивацијата. Премногу често бев втор или трет за мој вкус и сакав да преминам во некоја друга екипа. Сакав да вкусам некој друг проект, сега имам мотив, одговори Шпанецот.
Што се однесува до Мекларен 33-годишниот возач рече: – Не се каам за ништо, уживам во Ф1 викендите. Резултатите ќе дојдат, битно е јас да бидам посветен и да уживам во работата. Тоа е најважно да уживате во тоа што го правите и потоа се ќе си дојде на свое место, вети Алонсо.
Фернандо Алонсо зад себе има две титули во Формула 1 освоени вo 2005 и 2006 година.